Од Атон во Днепропетровск пренесена честичка со моштите на света праведна Ана (29.10.2008)
На 26 октомври во храмовиот комплекс на Иверската икона на Мајката Божја во Северниот реон на градот Днепропетровск се одржа празнување на престолниот празник.
Воочи празникот настојателот на храмот протоереј Николај Несправа ја донесе во Днепропетровск уникатната светиња – честичката до моштите на света праведна Ана, мајката на Дева Марија. Никаде во светот, освен на Атон, и сега во Днепропетровск, нема мошти од оваа Светителка.
Ковчежето со моштите беше пренесено во долниот дел од соборниот храм во чест на Јоаким и Ана. Илјада граѓани во редица на овој ден притекнаа во храмот за да се поклонат и ги целиваат моштите.
Според настојателот на храмот, преговорите за пристигнување на светињата во Днепропетровск траеле три години. После долго размислување, браќата од обителта на Света Гора Атон се согласија да дадат во Украина честичка од моштите: светогорскиот архимандрит Херувим реши да го направи тоа пред половина година.
Пред неколку недели отец Николај со група поклоници се упати по светињата. На Атон беше убаво пречекан и примен, му ја покажаа ризницата на скитот на Света Ана дозволувајќи да богослужи во монашкиот храм. Моштите, се во специјално ковчеже пренесени во Днепропетровск најпрво со брод од Атонското полуостров, а потоа со авион.
„Светите нетлени мошти – тоа е видливо сведоштво за благодатноста на светиите, еден од немногубројните дарови што дојдоа до нас од времето на Христос. Света праведна Ана – покровителка на жените и мајчинството, чија икона и мошти исцелуваат од многу болести, меѓу кои и бесплодноста. Моштите на света Ана, најстари во христијанството, се наоѓаат на Атонска Гора, каде што жените не можат да стапнат. До сега жените можеа само да ги праќаат нивните молби запишани на хартија. Сега, пак, бездетните жени можат да им се поклонат на моштите на оваа исцлителка во овој град. Никаде во светот, освен на Атос и во Днепропетровск, не постои оваа светиња. Честичката од моштите ќе остане во овој храм засекогаш“, вели настојателот на храмот.
Нареден чекор во односите меѓу днепропетровската општина и Атон ќе биде посетата на монаси од скиот на Света Ана на Иверскиот храм.
Извор: Патриархиа.ру