Романскиот Патријарх Даниел го прими Амбасадорот на Р. Македонија во Романија
 
 
 
 
 

Романскиот Патријарх Даниел го прими Амбасадорот на Р. Македонија во Романија (06.11.2008)

Денес, на 6 ноември 2008 година, Неговото Блаженство Патријархот на Романската Православна Црква Даниел го прими амбасадорот на Република Македонија во Букурешт, Неговата Екселенција Љупчо Арсовски.

Неговата Екселенција се заблагодари за гостопримството и презентираше разни аспекти на социјалниот, политички и религиозен живот во Република Македонија. Во таа насока, господинот Амбасадор Љупчо Арсовски ја нагласи суштинската улога на Православната Црква во својата земја за зачувувањето на националниот, културниот и духовниот идентитет, имајќи ја предвид комплексноста на историските односи помеѓу народите на Балканот.

Неговото Блаженство Патријархот Даниел ја истакна потребата за подлабока соработка меѓу народите на овој регион, како што и за заедница помеѓу Православните Цркви, за да имаме едно заедничко понагласено сведоштво, во рамките на денешниот секуларизиран свет.

 

Извор: Patriarhia.ro