Изби пожар на Света гора, манастирите не се загрозени
 
 
 
 
 

Изби пожар на Света гора, манастирите не се загрозени (11.11.2008)

Во шумовитиот дел на Света гора синоќа избил пожар но манастирите не се загрозени, соопштиле денес грчките противпожарни служби, пренесуваат агенциите.

 

Противпожарните служби од Халкидики и Солун се упатиле веднаш на Света гора по избивањето на пожарот. Гасењето на пожарот го отежнувал североисточен ветер а пожарникарите имале проблеми и поради непристапните терени. Тие цела ноќ го гаселе пожарот а помошта од воздух пристигнала в зори.

 

 

Извор: Нетпрес