Бугарската Православна Црква ќе добие дел од моштите на свети Климент Охридски од Македонската Православна Црква
 
 
 
 
 

Бугарската Православна Црква ќе добие дел од моштите на свети Климент Охридски од Македонската Православна Црква (15.11.2008)

Бугарија ќе добие од Македонија дел од моштите на свети Климент Охридски. Македонската Православна Црква го одобри барањето на Пловдивскиот Митрополит Николај Бугарската Црква да добие честичка од моштите на Светителот.

Молбата на Митрополитот Николај била испратена до Митрополитот Тимотеј којашто е одобрена многу брзо од Светиот Синод во Скопје. Предавањето на дел од моштите ќе се случи на 24 ноември и тоа ќе биде направено лично од македонскиот Владика Тимотеј. Во официјално соопштение на Светиот Синод во Скопје се вели дека овоj чин е дел од желбата за подобрување на односите меѓу двете Цркви, христијанската љубов и добриот однос на Бугарскиот Митрополит Николај. Во Македонија се наоѓаат само дел од моштите на свети Климент Охридски. Тие се чуваат во манастирот на свети Пантелејмон и свети Климент Охридски во Охрид. Главата, пак, се наоѓа во грчкиот манастир на свети Јован Крстител.

 

Извор: Дверибг.нет