Избран е нов поглавар на Православната Црква на Америка
 
 
 
 
 

Избран е нов поглавар на Православната Црква на Америка (15.11.2008)

На 12 ноември на ХV-от Сеамерикански собор во Питсбург, држава Пенсилванија, Епископот на градот Форт Ворт Јона (Пафхаузен) е избран за поглавар на Православната Црква во Америка (ПЦА). Тој ќе ја носи титулата на Архиепископ на Вашингтон и Њујорк, Митрополит на цела Америка и Канада.

 

Интронизацијата на Митрополитот Јона ќе се одржи на 28 декември оваа година во катедралната црква на свети Никола во Вашингтон.

 

Новиот поглавар на ПЦА Митрополитот Јона е роден во 1959 година во Чикаго, Илиноис, и крстен е во Англиканска црква.

Во 1978 година како студент на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего го прима Православието во храмот на Казанската икона на Пресвета Богородица при Московската Патријаршија.

По завршувањето на Универзитетот го продолжува образованието на Православниот богословски институт „Свети Владимир“ во Њујорк.

Подоцна заминува за Русија, кадешто се запознава со состојбата на Руската Православна Црква и монашкиот живот таму. Негов духовен отец станува настојателот на Валаамскиот манастир архимандрит (а сега епископ) Панкратиј.

Во 1994 година е ракоположен за ѓакон, а подоцна и за свештеник. Во 1995 година во Светотихоновскиот манастир во Саут-Кенан, Пенсилванија е потстрижен за монах со името Јона.

Добива послушание и основа манастир, посветен на свети Јован Шангајски и Сан-Франциски во Калифорнија.

Во пролет 2008 година со решение на Светиот Синод на ПЦА отец Јона е произведен во архимандрит и е назначен за викар на јужните епархии на САД и за епархиски секретар.

На вонредното заседание на Архиерејскиот собор на ПЦА на 4 септември оваа година архимандритот Јона е избран за епископ. Хиротонисан е на 1 ноември 2008 година во храмот на свети Серафим Саровски во Далас, Тексас.

 

Извор: oca.org