Кипарската Православна Црква отвори свое претставништво во Брисел (26.11.2008)
Архиепископот на Кипар и Нова Јустинијана Хризостом II вчера на прес-конференција изјави дека наредната година ќе започне со работа претставништвото на Кипарската Православна Црква во Брисел. Прашањето за отворањето на посебна канцеларија на Кипарската Црква во Брисел е предмет на остар спор со Цариградската Патријаршија, која настојува Православната Црква во Брисел да има едно претставништво под раководство на Патријаршијата. Уште минатата година Архиепископот Хризостом изјави дека Кипарската Црква нема да се согласи со желбата на Патријархот Вартоломеј и дека ќе отвори самостојна канцеларија заради специфичноста на кипарското прашање и потребата од специјална дипломатија во Европа.
Освен тоа, Архиепископот Хризостом соопшти дека испратил писмо до папата Бенедикт XVI во коешто се вели дека пред официјалното отворање на канцеларијата ќе отиде лично во Рим и ќе побара посредништво на папата кај некои раководители на големи држави, чијшто глас е важен за кипарскиот проблем.
На крајот, Архиепископот Хризостом соопшти дека е започната подготовка за отворањето на виша богословска школа на Кипар, по пример на онаа во Халки, за која се очекува да започне со работа наредната година.
Извор: Дверибг.нет