Грчкиот Архиепископ Иероним во Патра
 
 
 
 
 

Грчкиот Архиепископ Иероним во Патра (01.12.2008)

Во грчкиот град Патра, каде што се чуваат моштите на свети апостол Андреј, со голема свеченост беше одбележен неговиот спомен. Атинскиот Архиепископ Иероним беше примен од Митрополитот на Патра Хризостом и Митрополити и Епископи од другите епархии на Грчката Православна Црква. Во Патра се собраа грчки министри, политичари и јавни личности, како и мноштво верен народ. По Светата Литургија беше извршена литија со иконата и моштите на Светителот.

Главната улица во Патра го носи името на Апостол Андреј и завршува со соборниот храм на свети апостол Андреј Првоповиканиот, најголемиот храм во Грција. На тоа место има две цркви – една помала и постара, каде што бил распнат Апостолот, и нова, изградена на крајот од 20 век. Храмот остава впечаток дека е нетипичен за грчката архитектура – околу големата централа купола се сместени 12 помали, а во него за молитва може да собере до 5000 верници. Внатре се чува главата на апостол Андреј и дел од неговиот крст. Интересен факт е дека храмот е изграден со средства од специјален данок, воведен во 1955 година, во висина од 12 центи месечно, којшто жителите на Патра го плаќале со сметките за струја. Пред три години овој данок бил укинат, бидејќи изградбата на соборниот храм била потполно завршена.

Во својата неделна проповед во градот Патра, каде што беше одбележан денот на светиот апостол Андреј, Атинскиот Архиепископ Иероним говореше за кризата во Црквата и во целото општество, но и за личната и општа одговорност за неа.

„Црквата поминала низ многу кризи и не се плаши од нив“, изјави Архиепископот. „Кризата ја открива пропаста на нашата желба да бидеме сами за себе закон, но во исто време дава поттик и за разјаснување на нештата. Кризата не го појавува на површина само нашиот пад, не е само еден неуспешен крај, но во себеси ја крие и ја раѓа надежта. Кризата доаѓа, кога ги преминуваме границите. Таа е еден начин да излеземе од нашиот нарцизам и го расклатува нашиот зацврстен  „добар имиџ“.  Големо прашање е како да ја разбереме таа криза, продолжи Архиепископот, нагласувајќи дека постојат два начина: едниот е световен, а другиот црковен. Световниот начин се концентрира на случувањето, го изучува тоа што се случило и посочува кој да ја преземе одговорноста. „Тоа е неопходно, но не е и доволно“, рече Архиепископот Иероним. „Црковниот начин е да се отиде подалеку, со цел  да се даде толкување на пројавените феномени. Се бараат причините на пројавеното во симптомите. Концентрирањето на симптомите не решава долгорочно ниеден проблем, ниту потполно го очистува настанатиот скандал. Какви промени и да предложам, какви легални дејствија и да преземам, моралниот причинител на тоа што се случило нема да биде засегнат. Ниедно решение на Црквата или државата не може да реши веднаш за секогаш слични случувања. Кризата ги засега сите, сите сме одговорни“.

„Сите, кој повеќе, кој помалку, сме морални виновници. Таа криза има име и историја. За Црквата, корените ѝ се во прародителскиот грев. За државата, кризата е карактеристична за „новите Грци“. „Нашата новогрчка идентичност се изградила, очигледно, врз основниот елемент на западниот начин на живот, што го поддражаваме безрезервно. Тешкотијата за нас е да ја најдеме и да ја разбереме причината за скандалите како симптоми на поширока болест. Наивно е да веруваме дека лошото и уништувачкото ќе бидат изгонети само со тоа што сме казниле одредени нарушувачи. Тоа не ослободува никого од нас од личната одговорност. Уништувањето и богатењето не ги засега само високите кругови, но и нас, кога бараме да добиеме нешто за туѓа сметка.  Ние исто така стануваме дел од уништувањето, кога секојдневно ги онеправдуваме луѓето околу нас. Без да ја потценуваме личната одговорност, треба да си задаваме прашања и за општата одговорност. Кога еден монах ќе згреши, греши човечката природа, грешиме сите. Кога еден политичар се расипува, ние како граѓани се расипуваме сите. Во конкретен случај, се уништува политичкиот систем во целост. Што и да предвидуваат светските процедури, колку и епитимии да налага Црквата, тие пројави ќе се јавуваат повторно. Ништо не може  да го превостанови стремежот кон неред. И така ќе биде до крајот, најверојатно со учество на сите нас кои брзаме да обвинуваме.“

 

Извор: Дверибг.нет, Ромфеа