Папата Бенедикт XVI повикал за понатамошен развој на православно-католичкиот дијалог
 
 
 
 
 

Папата Бенедикт XVI повикал за понатамошен развој на православно-католичкиот дијалог (01.12.2008)

Предизвиците на денешното време упорно повикуваат на единство меѓу христијаните во целиот свет, смета папата Римски Бенедикт XVI. Таа мисла ја искажа во посланието, на 30 ноември, упатено до Патријархот Цариградски Вартоломеј, по повод празнувањето на споменот на светиот апостол Андреј (по нов стил), небесниот покровител на Цариградската Црква.

Како што соопштува прес-службата на Светиот Престол, документот е предаден преку кардиналот Валтер Каспер, претседател на Папскиот совет за постигнување на христијанско единство, кој пристигна во Истанбул за учество во свеченостите.

Понтификот напомнува дека во оваа година Патријархот Вартоломеј три пати го посетил Рим, и смета дека неговите посети станаа елементи во создавањето на таквото единство. Но за таа цел, по мислењето на римскиот првосвештеник, неопходно е да се вложат дополнителни напори.

„Верувам и се надевам, дека позитивните исходи од неодамнешната средба на поглаварите и преставниците на Православните Цркви ќе имаат благотворно влијание на конструктивниот развој на официјалниот богословски дијалог меѓу Православната и Католичката Црква и за надминување на постоечките тешкотии“, пишува папата.

Извор: Патриархиа.ру, Ромфеа