За местобљустител на патријаршискиот престол на Руската Православна Црква е избран Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил
 
 
 
 
 

За местобљустител на патријаршискиот престол на Руската Православна Црква е избран Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил (06.12.2008)

На 6 декември во патријаршиската резиденција во Переделкин се одржа вонредна седница на Светиот Синод на Руската Православна Црква под претседателство на најстариот постојан член на Светиот Синод Преосветениот Митрополит Санкт-петербургски и Ладожски Владимир.

Во согласност со Уставот на Руската Православна Црква Синодот му ја додели Московската епархија на Митрополитот Крутицки и Коломенски Јувеналиј на самостално управување. Во сите храмови во градот Москва неговото име ќе се спомнува на богослуженијата после името на патријаршискиот местобљустител.

Синодот востанови исто така опелото за Неговата Светост Алексиј да се соврши во соборниот храм на Христос Спасителот на 9 декември оваа година, а погребението, согласно неговата волја, во Богојавленскиот соборен храм во градот Москва.

 

извор: Patriarhia.ru