Светиот Синод на Руската Црква ја одреди датата на Помесниот Собор на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Светиот Синод на Руската Црква ја одреди датата на Помесниот Собор на Руската Православна Црква (07.12.2008)

На 6 декември на вонредната седница на Светиот Синод во патријаршиската резиденција во Переделкин беше донесено Обраќање до епископатот, клирот, монаштвото и мирјаните на Руската Православна Црква.

 

„Се надеваме дека Многумилостивиот Спасител на светот со љубов ќе го прими во Своите прегратки упокоениот Поглавар на Црквата, кој неуморно се трудеше на нивата Христова, вложувајќи ги сите свои сили за доброто на Православието. Нека го приброи Бог „кон прославениот собор и Црквата на првородените, кои се напишани на небесата,... и кон душите на праведниците, што достигнаа совршенство“ (Евр. 12, 23), се вели во документот.

Светиот Синод се обрати со повик кон сите архипастири, клирици, монаси и мирјани усрдно да се молат за упокојување на душата на починатиот Патријарх Алексиј во вечните обители.

На 10 декември Светиот Синод повторно ќе се собере на седница во Москва. На членовите на Синодот им претстои да одредат дата на помениот Собор на Руската Православна Црква, на којшто ќе биде избран новиот поглавар.

 

Извор: Патриархиа.ру