Цариградскиот Патријарх Вартоломеј ќе го возглави чинот на опелото на починатиот Поглавар на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Цариградскиот Патријарх Вартоломеј ќе го возглави чинот на опелото на починатиот Поглавар на Руската Православна Црква (08.12.2008)

Во вторник, на 9 декември, местобљустителот на патријаршискиот престол митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил ќе отслужи Божествена Литургија во храмот на Христос Спасителот, каде што е ковчегот со телото на поглаварот на Руската Црква Неговата Светост Алексиј.

На богослужбата ќе присуствуваат шест поглавари на Помесните Православни Цркви, коишто пристигнаа во Москва за да се простат со Неговата Светост Алексиј – Цариградскиот Патријарх Вартоломеј,  Грузискиот Патријарх Илија II, Романскиот Патријарх Даниил, Митрополитот на Чешка и Словачка Христофор, Албанскиот Архиепископ Анастасиј и Грчкиот Иероним.

По Литургијата Патријархот Вартоломеј ќе го возглави чинот на опелото на починатиот поглавар на Руската Православна Црква.

Потоа во Богојавленскиот соборен храм ќе биде извршено погребението на Патријархот Алексиј.

Извор: Patriarhia.ru