Околу 40 илјади луѓе дојдоа во соборниот храм во Москва за да се простат од Рускиот патријарх (08.12.2008)
Околу 40 илјади луѓе дојдоа во саботата за да се простат од Неговата Светост Рускиот Патријарх Алексиј II во храмот на Христос Спасителот во Москва, соопшти во понеделник началникот на информативната служба на Министерството за внатрешни работи Виктор Бирјуков.
Верните во текот на целата ноќ доаѓаа во храмот за да се простат oд патријархот Алексиј, продолжуваат да доаѓаат и сега, без оглед на дождот. „Сега во храмот се наоѓаат 2,5 илјади луѓе и повеќе од 1 илјада е на околната територија на храмот“, рече Бирјаков.
Извор: Патриархиа.ру