Опело и погребение на Рускиот патријарх Алексиј II (09.12.2008)
Во соборниот храм на Христос Спасителот се отслужи опелото на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II. После церемонијата на простувањето со петнаесетиот поглавар на Руската Православна Црква, ковчегот со телото на патријархот на рацете на архиереите беше изнесен од храмот.
Во заупокоената богослужба учество зедоа поглаварите на помесните Православни Цркви – Патријархот Цариградски Вартоломеј, Грузискиот Илија, Романскиот Даниил, Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним, Архиепископот Тирански и на цела Албанија Анастасиј, Митрополитот на Чешка и Словачка Хрисофор.
На опелото на Неговата Светост Алексиј исто така се молеа претставниците на помесните Православни Цркви: од Александриската Православна Црква – Митрополитот Аксукски Петар; од Антиохиската Православна Црква – претставник на патријархот Епископот Филиопополски Нифонт; од Ерусалимската Православна Црква – Митрополитот Капитолиадски Исихиј, од Српската Православна Црква – претставникот на Светиот Синод Митрополитот Црногорски и Приморски Амфилохиј; од Бугарската Православна Црква – Митрополитот Видински Дометијан; од Кипарската Православна Црква – Митрополитот Пафоски Георгиј; од Полската Православна Црква – Архиепископот Лодзински и Познански Симон; од Православната Црква во Америка – Архиепископот Отавски и Канадски Серафим.
По завршетокот на опелото и церемонијата на простувањето со Неговата Светост Алексиј во катедралниот соборен храм на Христос Спасителот ковчегот со телото на починатиот поглавар на Руската Православна Црква беше пренесен во Богојавленскиот катедрален храм во Елохва.
Во литијата на пренесувањето на починатиот Поглавар на Руската Православна Црква одеа илјадници верни.
Последната заупокоена литија беше возглавена од Митрополитот Смоленски и Калиниградски Кирил, после која според неговата волја Рускиот патријарх Алексиј II беше погребан во Благовештенскиот дел на Богојавленскиот катедрален храм.
Над гробот е привремено поставен дрвен крст, на кој со златни букви е напишано „Неговата Светост патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II. Сведоштвото твое да го спомне Господ Бог во Царството Свое“.
Извор: Патриархиа.ру