Заврши VI Црковно-народен собор на Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Заврши VI Црковно-народен собор на Бугарската Православна Црква (18.12.2008)

Утрото на 12 декември официјано заврши работата на VI Црковно-народен собор на Бугарската Православна Црква, на која беше донесен устав на БПЦ.

Вечерта на 11 декември за време на работата на третата сесија на VI Црковно-народен собор на БПЦ делегатите од сите епархии се потпишаа под текстот на проектот на новиот устав на Црквата, што значи дека дадениот проект е утврден. Разгледувањето на проектот на новиот Устав се случуваше за време на трите сесии на VI Црковно-народен собор: од 14 до 18 мај, од 6 до 11 октомври и од 9 до 12 декември 2008 година.

Затворајќи го соборот, Патријархот Бугарски Максим изрази благодарност до неговите организатори и учесници и рече дека „донесените решенија и документи стануваат нов допринос во историскиот труд на нашите достојни претходници и денес преминатите во вечноста современици – собраќата архиереи, свештенослужители и православни христијани, кои работеа за полза на Бугарската Црква“.

Едното од важните економски решенија, донесени на Соборот, беше создавањето на централизиран буџет на Бугарската Црква. Тој ќе биде формиран со средства на поедини митрополии; и под контрола на Светиот Синод ќе бидат финансирани ставропигијалните манастири и објекти, семинарии и високи духовни училишта, платите на црквенослужителите и служителите во митрополијата. При тоа не беше прецизирано колкав ќе биде процентот којшто митрополиите ќе треба да го одвојат од своите приходи.

Исто така беа донесени и решенија за создавањето на доброволни пензиски фондови за свештенослужителите и за користењето на свеќите во храмовите, коишто се изработуваат во синодскиот производствен комплекс.

Бурни дебати предизвика создавањето на општиот регистар на имотот на Бугарската Православна Црква. Некои митрополити сметаа дека таков регистар треба да се состави на ниво на митрополиите, и бидејќи настојуваа на тоа, ова прашање мораше да се реши со гласање. Повеќето од делегатите, меѓу кои и Патријархот Максим, гласаа за општоцрковен карактер на регистерот, а пристапот му е доверен на секретарот на Светиот Синод Епископот Стобиски Наум.     

Извор: Православие.ру