2009 година е прогласена за година на свети Василиј Велики во Романија
 
 
 
 
 

2009 година е прогласена за година на свети Василиј Велики во Романија (12.01.2009)

На иницијатива на Романскиот патријарх Даниил, Светиот Синод на Романската Црква ја прогласи 2009 година за година во спомен на свети Василиј Велики Епископ Кесариски, и воопшто на кападокиските Светители. Програмата на иницијативата, разработена во канцеларијата на Светиот Синод, ќе се примени како на ниво на Романската Патријаршија, така и по одделни епархии на територијата на Романија, а и во нејзината дијаспора.

Програмата предвидува богословски и пастирско-мисионерски манифестации, научни симпозиуми, духовни вечери, издавачки проекти, поклонички патувања во Кападокија и друго.

Манифестациите имаат за цел да го истакнат уделот на кападокиските Отци во утврдувањето на верата, толкувањето на Светото Писмо, збогатувањето на канонското и литургиското наследство, развојот на монашкиот живот и да го откријат делото на светите Кападокијци како образец за пастирско-мисионерска, социјална и добротворна дејност на Романската Црква. 

 

Извор: Basilica.ro