Грузискиот патријарх Илија II е прогласен за човек на годината во Грузија
 
 
 
 
 

Грузискиот патријарх Илија II е прогласен за човек на годината во Грузија (14.01.2009)

Грузискиот патријарх Илија II е прогласен за човек на 2008 година во Грузија. Тоа беше одредено со анкета спроведена во неделникот „Квирис палитра“ (Палета на неделата), во којашто зедоа учество 613 луѓе.

Во анкетата Патријархот поведе со најголема предност – Илија II собра 53,2% од гласовите, престигнувајќи го претседателот на Грузија Михаил Саакашвили, кој доби вкупно 8,3% од гласовите.

 

 

Извор: Patriarhia.ru