40 дена од упокојувањето на Рускиот патријарх Алексиј
 
 
 
 
 

40 дена од упокојувањето на Рускиот патријарх Алексиј (14.01.2009)

Во вторник, на 13 јануари, на 40-от ден од упокојувањето на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II, претседателот на Русија Димитриј Медведев и претседателот на Владата на Руската Федерација Владимир Путин го посетија Богојавленскиот соборен храм каде што е погребен починатиот поглавар на Руската Православна Црква.

Првите лица на државта се сретнаа со Местобљустителот на патријаршискиот престол Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил. Тој им раскажа на претседателот и на премиерот за светињите кои што се чуваат во соборниот храм – за Казанската икона на Мајката Божја и моштите на свети Алексиј, митрополит Московски, небесниот покровител на починатиот Патријарх.

Потоа беше отслужена панихида во горбницата на Неговата Светост Патријархот Алексиј во Благовешетенскиот дел од храмот.

 

Известува: Patriarhia.ru