Пред изборот на Руски патријарх Руската Црква е единствена, изјави Митрополитот Климент (15.01.2009)
Епископот од Московската Патријаршија Митрополитот Климент повика да не се предизвикуваат идеолошки несогласувања во Црквата пред Помесниот Собор и на воздржување од шпекулации околу тоа кој ќе биде нареден Патријарх.
„Кога се бараат различни мислења, тоа е неверие“, рече Владиката, во четвртокот на презентацијата на својата книга „Руската Православна Црква на Аљаска до 1917 година“.
Според него, најважно пред Помесниот Собор којшто ќе се одржи од 27-29 јануари е „да се сочува црковното единство, мирот, да нема никави поделби – не само надворешни, туку и внатрешни.“
Денес, за жал, надворешните извори се обидуваат да внесат некои поделби, ја прожектираат светската преизборна кампања на Црквата. Во Црквата такво нешто не постои, кај нас нема фракции, партии, поделби на групи“, истакна Митрополитот Климент.
Тој појасни дека Црквата е единствена, сите нејзини чеда се духовно обединети, богословската база исто така е единствена.
Владиката им посоветува на оние коишто ги истакнуваат претпоставките во врска со кандидатите за патријаршискиот престол да „имаат христијанска одговорност“. „Ако тие се нарекуваат себе христијани и сметаат дека имаат некаков однос кон Црквата, тогаш и се должни да постапуваат согласно Евангелието“, рече Митрополитот Климент.
Искажувајќи го својот однос кон тоа дека за делегати на Соборот ќе се избираат луѓе од најразлични професии, како бизнисмени, политичари, како на пример, градоначалникот на Омската област, тој рече: „Ако епархиското собрание се одржува во согласност со востановените норми и за овој или оној канадидат гласале луѓе, што да се каже? Ако луѓето имаа доверба во него, тогаш нека повели“, додаде Владиката.