Во Романија издадено CD со Божествена Литургија на ромски јазик (15.01.2009)
Во ромските општини на Романија бесплатно се дели CD со Божествената Литургија на ромски јазик.
Литургијата на ромски јазик беше отслужена на 23 декември 2008 година во манастирот Radu Vоda во Букурешт. Богослужението го возглави Преосветениот Варсануфиј (Праховјану), викарен епископ на Букурешката архиепископија.
Во 2006 година во Романија првпат беше издаден Молитвеник на ромски јазик.
Извор: Basilica.ro