Грчката Црква излезе со став по повод кризата во Газа
 
 
 
 
 

Грчката Црква излезе со став по повод кризата во Газа (16.01.2009)

На 13 јануари 2009 година, постојаниот состав на Светиот Синод на Грчката Православна Црква се собра на својата прва седница за оваа година под претседателство на Неговото Блаженство Архиепископот на Атина и на цела Грција Иероним. Во соопштението од прес-секратаријатот по повод седницата се вели:

„Постојаниот состав на Светиот Синод ги разгледа случувањата во областа Газа и ја изразува својата болка и огромно страдање поради крвопролевањата, и истовремено вознесува молитви за смирување на ситуацијата во таа област. Во такви случаи Црквата веднаш укажува помош без разлика на народност и религија.  Светиот Синод реши да се собере храна (брашно, ориз, вода) и парични средства за купување на лекарства. Собраната хуманитарна помош ќе биде доставена во областа Газа преку црковната невладина организација „Солидарност“. Митрополијата на Илиа веќе даде 10 тони зејтин, а митрополијата на Патра – 10 тони брашно.

 

Од соопштението на прес-секретаријатот
на Светиот Синод на Грчката Црква

 

Извор: Ecclesia.gr, Pravoslavie.bg