При Свето-Тихоновиот универзитет во Русија се отвора школа по визнатиско пеење (18.01.2009)
При одделението за подготовка за упис на Православниот Свето-Тихонов хуманитарен универзитет (во рамките на школата по пеење на одделот за црковно пеење) се отвора школа по византиско пеење.
Цел на часовите е практично обучување во византиската традиција по пеење. Предавањата се одржуваат на руски јазик, а пеењето на црковнословенски јазик.
За усвојување на основните теоретски знаења и вештини на пеење во план е да се одржи едногодишен курс. Целосниот курс, којшто е планиран за подготовка на протопсалт се состои од три учебни години. Предавањата ги одржува професор кој има завршено курс по византиска црковна музика кај грчкиот протопсалт Константин Фотопулос. Обучувањето се спроведува во одделни машки и женски групи, два пати неделно по два часа.