Богојавленско капење во Москва (18.01.2009)
Во Москва, воочи големиот христијански празник Богојавление (Крштението Господово) ќе се изврши Богојавленски водосвет на 15 места: езера, канали од реката Москва, реката Москва, резервоари за вода, мали езерца, а исто така и специјални купели – јордани, кои се направени во вид на крст, на коишто потоа ќе се организира Богојавленско капење. Дење, покрај секое од нив ќе бидат дежурни спасувачи.
„Со цел Богојавленските капења да бидат безопасни, на местата на масовно капење во периодот на празнувањето на Крштението Господово 18-19 јануари, се организирани дежурства на единици на московската градска спасувачка служба на 15 места во Москва“ – кажаа од Агенцијата.