Богојавление во Ерусалим
 
 
 
 
 

Богојавление во Ерусалим (20.01.2009)

Витавара во јудејската пустина, блиску до градот Ерихон, местото на крштевањето на Господ Исус Христос е затворена погранична зона помеѓу Израел и Јордан. Само два пати во годината тоа место се отвора за посетување од страна на Израел – на Велики четврток во Страсната седмица и воочи празникот Богојавление. Во навечерието на празникот, според правилата на Православната Црква се извршува Голем Богојавленски водосвет. Според многувековната традиција православните свештенослужители доаѓаат на местото на Крштевањето на Христос за да ги осветат Јорданските води.

На 18 јануари Ерусалимскиот Патријарх Теофил пристигна во грчкиот православен манастир на свети Јован Предвесник кој се наоѓа во близина на реката Јордан, од каде со литија придружуван од духовништвото се упати до реката. Под специјално направен шатор Ерусалимскиот Патријарх го изврши чинот на Големиот Водосвет и тргна кон водата за да го потопи крстот во јорданските води. Белиот гулаб, што го пушта Патријархот за спомен на евангелскиот настан на Крштението на Спасителот, пред да летне нагоре поседе малку на гранката од босилокот којашто Патријархот Теофил ја потопуваше во садот со осветена вода.

Традиционално на ова празнично богослужење доаѓаат многу поклоници од Русија, Украина, Грција, Романија, Србија и од други православни земји. Заедно со поклониците на Јордан се помоли и настојателот на Руската духовна мисија во Ерусалим Архимандрит Тихон заедно со клирици на Мисијата и сестрите од Горненскиот манастир. На богослужението исто така присуствуваа амбасадорот на Грција во Израел, претставници на вооружените сили на Израел, началници на оддели на мистерството за внатрешни работи и на министерството за туризам, претседатели на одделот за религиски групи на полицијата на Стариот Ерусалим.

 

            

 

            

 

             

 

Извор: Руска Духовна Мисија - Ерусалим