Се одржа вонреден Собор на Латвиската Православна Црква
 
 
 
 
 

Се одржа вонреден Собор на Латвиската Православна Црква (21.01.2009)

Во вторник на 20 јануари се одржа вонреден Собор на Латвиската Православна Црква. На соборот учествуваа Mитрополитот на Рига и на цела Латвија Александар и епископот Даугавпилски Александар, претставниците на клирот, на монаштвото и на мирјаните.

На Соборот беа претставени повеќе од стотина православни парохии на Латвија, Рижски Свето-Троице-Сергиев женски манастир, Екабпилски Свето-Духовски машки манастир и Рижската духовна семинарија. Седницата на Соборот беше одржана во Свето-Троицкиот соборен храм во Рига.

Причината на свикување на Соборот беше усвојување на законот за Латвиската Православна Црква од страна на Парламентот на Латвиската Република. Усвојувањето на овој закон стана најважен настан во развојот на црковно-државни односи во Латвија. Во своето излагање митрополитот Александар нагласи дека ваков закон се усвојува за прв пат во историјата на Латвија, и дека такви закони во повеќето земји уште не постојат. Овој закон е сведоштво за високиот статус на Латвиската Православна Црква во општеството, длабока почит кон Црквата и кон нејзиниот Поглавар. Според зборовите на Владиката, освојувањето на законот е вистинско чудо, уште еден знак на Божјото благоволение кон Светото Православие во Латвиската земја.

Овој закон треба да ги регулира црковно-државните односи во наредните децении.

Законот ја признава канонската власт на Архипастирот на Латвиската Православна Црква во рамките на црковните канонски правила.

Законот прифаќа дека е недопоустливо да се вложуваат жалби на одлуките од црковниот суд во световните судови. Валгудкски Спасо-Преображенски скит со законот доби статус на државно свето место („Свето место во Валгуда“) и овозможено е од државата материјано помагање на Црквата.

На крајот претставниците на Соборот упатија писма до Претседателот на Латвиската Република и до Парламентот искажувајќи благодарност за усвојувањето на законот. Соборот заврши со заедничка молитва  после што сите заедно се фотографираа пред црквата.

Извор: Латвиска Православна Црква