Во женскиот затвор во Свердловска област е отворена неделна школа со верска настава за затворениците (21.01.2009)
Во женскиот затвор кај црквата посветена на света Анастасија Одврзителка е отвотрена неделна школа.
“Откако се отвори неделната школа очигледно е дека жените станаа подобри, попријатни, имајќи пред себе одредена цел. Освен тоа, ниту една не ги пропушта часовите и сите совесно се однесуваат не само кон посетувањето на неделната школа, туку и кон сите служби што се одржуваат во нашата црква“...
„Сите што доаѓаат во затворската црква не само што се трудат да ги исполнат сите заповеди, туку се внимателни и во меѓусебните разговори, не пцујат, знаејќи го значењето за зборот „богохулство“. Знаат дека зборот ги вклучува лошите зборови насочени кон Бог, но и кон луѓето“, изјави една од ученичките, Л. Гамирова.
Извор: Патриархиа.ру