Отпразнуван именденот на Бугарскиот патријарх Максим (22.01.2009)
Со Божествена Литургија и Молебен во соборниот храм на света Недела вчера беше отпразнуван именденот на поглаварот на Бугарската Православна Црква – Неговата Светост Максим Бугарскиот патријарх и Софиски Митрополит. Во богослужбите учество зедоа Митрополитите Сливенскиот Јоаникиј, Видинскиот Дометијан, Варненскиот и Великопреславнски Кирил, Великотрновскиот Григориј, Русенскиот Неофит (кој исто така го празнува својот именден на овој ден), Неврокопскиот Натанаил, Ловчанскиот Гаврил и Доростолскиот Иларион. Не присуствуваа, како што се очекуваше, „опозиционерите“ Игнатиј Плевенски, Галактион Старозагорски и Николај Пловдивски.
Од Епископите во свеченоста учество зедоа Стобискиот Наум, Знеполскиот Јоан, Величкиот Сиониј, Деволскиот Теодосиј, Маркианополскиот Константин, Агатоникијскиот Борис.
Оддалечениот храм беше преполн од верниот народ кој дојде да го поздрави својот Архиереј и да добие патријаршиски благослов. На крајот од богослужбата, која траеше повеќе од три часа, Патријархот ги благослови сите присутни и се извини што поради физичката немоќ не може да го благослови секој верник посебно.
По Литургијата, на приемот во салата на Софиската митрополија повеќе од еден час Неговата Светост примаше честитки од духовници, богослови, јавни личности.
Местобљустителот на патријаршискиот престол на Руската Православна Црква Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил исто така му испрати честитка на Бугарскиот Патријарх Максим по повод неговиот именден.
„Ваша Светост! Срдечно Ве поздравувам по повод денот на Вашиот небесен покровител – преподобен Максим Исповедник.
Животот на Вашата Светост, исполнет со труд за добро на светата Црква Христова, е достоинствен пример за многумина.
Се молиме Господ Исус Христос и понатаму да дава благосостојба и мир на братската Бугарска Православна Црква, а на Вашата Светост да даде здравје за многу години.
Со љубов во Господ.“
Извор: Дверибг.нет, Патриархиа.ру