Вашингтон: Поглаварот на Православната Црква во Америка зеде учество во Маршот за заштита на животот
 
 
 
 
 

Вашингтон: Поглаварот на Православната Црква во Америка зеде учество во Маршот за заштита на животот (24.01.2009)

На 22 јануари во Вашингтон, Митрополитот на цела Америка и Канада Јона заедно со стотици членови на движењето „Православните христијани за живот“ зеде учество во Маршот за заштита на животот, којшто се оджува секоја година и кој беше долг 36 метри, како мирен протест против законот на САД за легализација на гревот на абортусот. Во Маршот зедоа учество повеќе од 200.000 луѓе.

 

Пред почетокот на Маршот на алејата на Капитолскиот брег Митрополитот Јона се обрати кон учесниците со беседа во којашто ја нагласи неопходноста на повторно пресметување на духовните вредности. Тој ги повика собраните да врват по патот на дејствителна христијанска љубов, помагајќи им на луѓето да ја осознаат сериозноста на гревот на абортусот и зборувајќи за можноста на покајанието за направениот грев.

 

Митрополитот Јона ги претстави и другите учесници на Маршот: архиепископот Николај (од Романската православна архиепископија во Америка и Канада), Епископот Филаделфиски и Источно-пенсилваниски Тихон (Православна Црква во Америка) и настојателот на храмот на света великомаченичка Екатерина во Москва, претставникот на Православната Црква во Америка при Московската Патријаршија архимандритот Закхеј.

 

На крајот од Маршот Митрополитот Јона изврши заупокоена литија за жртвите на абортусот. После ова Митрополитот им се заблагодари на сите присутни за активната позиција, истакнувајќи дека особени напори околу организацијата на овој Марш вложи протоерејот Џон Коваљчук, клирик на Православната Црква во Америка, благодарение на кои членовите на движењето „Православните христијани за живот“ повторно се собраа на оваа манифестација.

 

Поглаварот на ПЦА ги повика присутните заедно да се трудат да придобијат уште повеќе православни христијани за учество во овој марш за во наредната година да ги има неколку пати повеќе.

 

 

            

 

                            

 

Извор: Патриархиа.ру