На творците на филмот „Пропаст на империјата. Византиска лекција“ им е доделена награда „Златен орел“ (24.01.2009)
Доделувањето на наградата „Златен орел“, што е централен настан во светот на руската кинематографија, се одржа во петок на 25 јануари во најголемиот павилјон на „Мосфилм“.
Во жанрот којшто станува сѐ повеќе популарен – неигран филм – победи филмот на Олга Севастианова „Пропаст на империјата. Византиска лекција“. Премиерата беше на ТВ каналот „Роосия“ и предизвика голем интерес на најразлични слоеви од публиката.
Овој филм е издаден со македонски превод под покровителство на списанието „Премин“.
Извор: Патриархиа.ру