Во Москва започна Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Во Москва започна Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква (25.01.2009)

На 25 јануари 2009 година во храмот на Христос Спасителот започна работата на Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква. Пред почетокот на првата пленарна седница собраните архипастири во салата на црковните собори го испеаја тропарот на Предесетницата: „Благословен си Христе Боже наш, Ти Кој ги направи премудри риболовците, испраќајќи им го Духот Свет, и преку нив ја улови вселената. Човекољупче слава Ти!“

Местобљустителот на патријаршискиот престол Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил им се обрати на присутните со слово во кое рече: „Отвораме вонреден Архиерејски Собор на Руската Православна Црква. Во јуни минатата година имавме можност да заедничариме, да работиме заедно како Свет Архиерејски Собор, донесовме важни документи, работевме под водство на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II“.

Владиката Кирил ги повика сите да се помолат за покој на починатиот Поглавар на Руската Црква.

Учесниците на Архиерејскиот Собор за време на литијата, којашто ја изврши местобљустителот на патријаршискиот престол се помолија за упокоение на Рускиот патријарх Алексиј.

Согласно Уставот на Руската Православна Црква, Архиерејскиот Собор се состои од епархиски архиереи, а исто така и од викарни епископи, коишто управуваат со синодални установи и духовни академии или кои имаат канонска јурисдикција над доверените им парохии. Овие викарни епископи можат да учествуваат во седниците на Соборот без право на одлучувачки глас.

Учество во Архиерејскиот Собор зедоа 202 архиереи.

За време на седницата на Архиерејскиот Собор ќе се изберат тројца кандидати за московскиот патријаршиски престол. Изборот за нов Московски патријарх и на цела Русија ќе се одржи на Помесниот Собор на Руската Православна Црква.

 

Прес-служба на Московската Патријаршија

 

      

 

                                           

 

                          

 

 

 

Извор: Патриархиа.ру