Цариградскиот Патријарх во посета на своето родно место
 
 
 
 
 

Цариградскиот Патријарх во посета на своето родно место (26.01.2009)

Од 15-19 јануари Цариградскиот Патријарх Вартоломеј беше во посета на својот роден крај, на островот Имврос (Турција). На 16 јануари отслужи Вечерна богослужба во параклисот на свети Антониј Велики, а наредниот ден, на самиот празник на свети Антониј Велики (нов стил) отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Георгиј во неговото родно село, а вечерта отслужи Вечерна богослужба во параклисот на света Анастасија. На 18 јануари по повод празникот на свети Кирил Александриски и свети Атанасиј Велики (нов стил), Цариградскиот патријарх Вартоломеј отслужи Божествена Литургија заедно со надлежниот Владика Кирил, којшто го прослави својот именден, во соборниот храм на Успение на Пресвета Богородица. Вечерта, на 18 јануари, Цариградскиот патријарх посети неколку параклиси на островот Имврос.

 

 

Извор: Romfea.gr