Грузискиот Патријарх е хоспитализиран (29.01.2009)
Во вторник вечерта Грузискиот патријарх Илија II беше примен во болница. Прес-службата на Патријаршијата соопшти дека Патријархот бил примен на Институтот по клиничка медицина во Тбилиси со симптоми на силна вирусна инфекција и висока температура. Во моментот состојбата на Патријархот Илија, којшто е роден на 4 јануари 1933 година, е стабилизирано и лекарите му ја пружаат неопходната медицинска помош. Минатата година Патријархот имаше операција на срцето во Германија.
Извор: Дверибг.нет