Одбележана една година од упокојувањето на Грчкиот Архиепископ Христодул (29.01.2009)
Точно пред една година, на 28 јануари, се упокои Атинскиот Архиепископ Христодул. Вчера на неговиот гроб Атинскиот Архиепископ Иероним отслужи трисагија во присуство на многу свештеници од Атинската Архиепископија и многуброен верен народ. Во своето слово Архиепископот Иероним рече дека за него како да поминал само еден ден од упокојувањето на неговиот претходник, чиешто дело во полза на Црквата остави длабоки траги во грчкото општество. Наредната недела во атинскиот соборен храм на Светото Благовештение од архиереите на Грчката Црква ќе биде отслужена панихида за Архиепископот Христодул. После тоа храмот ќе биде затворен заради завршување на поправките поради штетата од земјотресот во 1999 година. Функцијата на соборен храм ќе ја преземе црквата на свети Дионисиј во атинската четврт Колонаки. Панихида за починатиот поглавар на Грчката Црква се отслужи во многу градови на Грција.
Извор: Romfea