Новоизбраниот Руски Патријарх отслужи Молебен пред моштите на свети Тихон во Донскиот манастир
 
 
 
 
 

Новоизбраниот Руски Патријарх отслужи Молебен пред моштите на свети Тихон во Донскиот манастир (31.01.2009)

На 31 јануари Високопреосветениот Митрополит Кирил, избран од Помесниот Собор на Руската Православна Црква на московскиот патријаршиски престол, го посети Донскиот манастир, каде што се чуваат моштите на свети Тихон, патријарх Серуски.

На вратата на обителта избраниот Патријарх го пречека настојателот на манастирот архимандритот Агафодор (Маркевич) со браќата, многубројните верни, а исто така и почесниот воен одред.

Високопреосветениот митрополит Кирил, избран и наречен за Патријарх московски и на цела Русија, отслужи во големиот храм на Донскиот манастир Молебен и се поклони на моштите на свети Тихон.

По завршетокот на богослужбата, обраќајќи се на делегатите на Помесниот Собор – архипастирите, пастирите, монасите и мирјаните, а исто така на московскиот клир и мирјани, избраниот Патријарх рече:

„Воочи денот на интронизацијата го посетивме Донскиот манастир во градот Москва, каде што се наоѓаат моштите на светителот-исповедник Патријарх Тихон. Приклонувајќи ги колената на душата и срцето пред неговиот свет гроб, си спомнавме за подвигот на светителот и исповедник, кој нè учи на тоа какво е светителското служење, попрво служењето на еден Поглавар кое се одликува со почит, љубов, благоговение, поддршка, надворешните знаци на особено почитување, а во својата суштина не е баш поврзано со овие надвораешни пројави на славата...

Светителот Тихон, избран после 200 години прекин во патријаршиско служење, беше не само Поглавар кој претставуваше центар на црковната власт, туку ги изразуваше и стрмежите на Руската Црква... Но, за кратко време и тој се најде лице во лице со гонители и хулители на Црквата и на името Божјо. Тој беше не само Поглавар на Црквата, туку и нејзиното срце, и токму кон тоа срце беа насочени ударите на гонителите. Тешко е да го замислиме неговиот подвиг на исповедништво. Овде, каде што сме денес собрани, е местото на тој подвиг. Овде, светителот Тихон, потпирајќи се само на поддршката од мал број едномисленици – луѓе, што беа покрај него, и верниот народ на кој веќе не му беше дозволено да влезе во Донскиот манастир, практично сам ги примаше ударите на безбожната власт.

Во молитвата, што сега ја прочитавме, го молиме светителот Тихон да ни помогне да стекнеме трпение кое тој го имаше...

Во основа на трпението, кое ние го почитуваме како христијанска добродетел, лежи не човечка сила, не сила на мисла и не на интелектот. Во основата на христијанското трпение е длабока вера и предаденост на волјата Божја. И кога ние се предаваме во рацете Божји без остаток, кога се предаваме на Господ, не размислувајќи за тоа што ќе се случи со нас, тогаш Господ дава сила да се надминат непријателството и човечката злоба, стапиците на животот и директните удари во срцето од непријателите, понижувањата и секоја скрб...

По молитвите на светителот Тихон, Патријарх Серуски, нека им помогне Господ на епископите на нашата Црква да се зацврстат во трпението, положувајќи ја основата на нашиот живот во волјата Божја. А духовништвото и верниот народ нека се сплотат со оние кои се повикани на апостолско служење. Ако целата Црква, народите на нашите земји живеат по волјата Божја, предавајќи сè во Неговата десница, веруваме дека Господ никогаш нема да нè посрами во надежта. Амин.“

Како награда за труд и по повод 60 години Патријархот на Архиепископот Туљчински и Брацлавски Јонатан му врачи орден на рамноапостолниот кнез Владимир од II ред (степен).

Извор: Патриархиа.ру