Во Казан е издадена Библија за деца на татарски јазик
 
 
 
 
 

Во Казан е издадена Библија за деца на татарски јазик (31.01.2009)

Татарската верзија на Библијата за деца, која е веќе преведена на 36 јазици на народите на Русија и на други земји од Сојузот на независни држави, доби назив „Страници од Светото Писмо“.

За да му се појасни на читателот за што станува збор, на корицата се наведени називите на нејзините засебни делови: Петокнижие, Псалтир и Новиот Завет.

Тиражот на ова издание е 3500 примероци. Книгите ќе може да се најдат по црквите, а еден дел е веќе испратен по сите библиотеки во Татарстан и во поправни домови.

Во план е наскоро да излезе од печат и целосно издание на Библијата.

 

Извор: Патриархиа.ру