На новиот Руски Патриајх му е врачен древниот жезол на светителот Петар
 
 
 
 
 

На новиот Руски Патриајх му е врачен древниот жезол на светителот Петар (02.02.2009)

На 1 февруари, после Литургијата, патријаршискиот егзарх на цела Белорусија Митрополитот Мински и Слуцки Филарет и Митрополитот Крутицки и Коломенски Јувеналиј му ја наметнаа мантијата на Патријархот.

 

Митрополит Санкт-Петербуршки и Ладожски Владимир, врачувајќи му го кукулот на Поглаварот на Руската Црква, рече: „Ваша Светост! Свет Патриарху Московски и на цела Русија Кирил! Сега, по волјата на Помесниот Собор на Руската Православна Црква, ти се дава овој шлем на надежта на спасението (1 Сол. 5, 8). Ангелите, чии што ликови го осенуваат твоето чело, нека бидат застапници пред Престолот на Седржителот со молитва за успешност во твоето служење. Крстот Христов, што ја овенчува твојата глава, нека те потсетува на пожртвуваниот подвиг на патријаршество, кој се извршува во името на љубовта кон Бог и кон Црквата. Стави го на твојата глава со цврста надеж на Пастироначалникот, Кој умре за нас и воскресна. Нека те утврди во претстојното служење сесилната десница Божја.“ Потоа кукулот беше ставен на главата на Патријархот Кирил.

 

Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил му врачи жезол на Светиелот Петар, Митрополит Московски... Пред врачување на жезолот Митрополитот Владимир рече:

 

„Ваша Светост, драг Владико!“

Во овој радосен ден, кога Црквата доби нов, шеснаесетти Патриарх Моссковски и на цела Русија, во името на Помессниот Собор, на кој се случи овој избор, на Вашата Светост свечено му го врачувам жезолот на Московските Поглавари.

Овој свештен жезол некогаш му припаѓал на светителот Киевски и Московски Петар, Чудотвотецот, кој поглаварската катедра ја пренесе во овој град. И сега, предавајќи го во Вашите раце древниот жезол, се надеваме дека, по примерот на прославените свети поглавари московски, кои неуморно се труделе во грдењето на Црквата Христова, Вие ќе го продолжите нивното служење... Сите ние Ви ветуваме дека, според нашите сили, секој на своето место, ќе помагаме на Вашата Светост во ова свето дело.“

 

„Нема и не може да биде во животот на Патријархот ништо лично: тој самиот и целиот негов живот без остаток Му припаѓаат на Бог и на Црквата, неговото срце страда за народот Божји, посебно за оние што отпаднаа од црковното единство и за оние што уште не ја нашле верата. Патријаршиското служење е особен духовен подвиг... Во овој подвиг учествуваат епископите и цела Црква низ молитвената заедница и низ соборниот живот на Црквата. Затоа, свесен за моето недостоинство, со голем  внатрешен трепет застанувам на горното патријаршиско место, смирено предавајќи се на молитвено застапништво на моите пртходници светителите Киевски и Московски пред престолот Божји“, рече Рускиот Патријарх Кирил.

 

Извор: Патриархиа