Седница на постојаниот Синод на Грчката Црква
 
 
 
 
 

Седница на постојаниот Синод на Грчката Црква (02.02.2009)

Од 3-5 февруари во Атинската Архиепископија ќе се одржи седница на постојаниот Свет Синод на Грчката Православна Црква кој се состои од 12 архиереи, шестмина од Старите земји, а шестмина од Новите земји. На 6 февруари во Манастирот Пентели ќе биде отслужена празнична богослужба по повод денот на свети Фотиј Велики, кој е патрон на Синодот на Грчката Црква, а потоа ќе започне конференција посветена на овој Светител, на која ќе учестуваат професорите на Богословските факултети во Грција и архиереите од Светиот Синод. Главен беседник ќе биде деканот на школото за пастирска и социјална теологија на Солунскиот Богословски факултет професорот Христо Иконому со тема „Св Фотиј Велики како толкувач на Новиот Завет”.

 

 

Извор: Romfea