Грчката Црква ќе испрати мошти на свети Василиј Велики во Романија
 
 
 
 
 

Грчката Црква ќе испрати мошти на свети Василиј Велики во Романија (04.02.2009)

На седницата на постојаниот Свет Синод на Грчката Православна Црква, којашто се одржа на 3 февруари 2009 година во Атина, беше донесена одлука за издавање на еден том во спомен на упокоениот Архиепископ Атински и на цела Грција Христодул. Исто така беше донесена одлука за испраќање на десната рака на свети Василиј Велики, која се чува во соборен параклис во Атина, во Романија за празнувањата по повод прогласувањето на 2009 година како година на свети Василиј Велики и другите Кападокиски Светители.

 

Извор: Romfea