Хуманитарна дејност на Грчката Православна Црква
 
 
 
 
 

Хуманитарна дејност на Грчката Православна Црква (05.02.2009)

На 4 февруари 2009 постојаниот синод на Грчката Православна Црква имаше седница под претседателство на Архиепископот Иероним. Неговото Блаженство во врска со градењето на некои установи на иницијатива на  Грчката Православна Црква соопшти дека:

1. Сите документи се подготвени за градењето на установа од 7 спрата во близина на болницата за болни од рак во Теагенион, Солун. Во таа зграда бесплатно ќе престојуваат роднините на болните што лежат во болницата.

2. Плановите се готови за започнување на градба на Центар за деца со пречки во развојот во селото Аниски, недалеку од Атина.

3. Ќе се започне со изградба на Центар за парализирани во селото Варнав, недалеку од Атина, со капацитет до 70 луѓе.

4. Ќе започне изградба на Центар за болни од рак, коишто не можат да се лекуваат и се пред умирање, која што ќе се вика „Куќа на болката“. Во близина на овој центар ќе се започне со изградба на школо за медицински сестри кои ќе специјализираат да служат во оваа установа.

5. Синодот на Грчката Црква за 851 фамилија во Тракија што имаат по 3 деца, ќе одвои 183.222 евра за јануари и февруари оваа година.

6. Синодот ќе даде на Владата 60.000 м² за нов затвор на градот Халкида.

7. Во Каламата Синодот на Грчката Црква ќе даде 769,40 м² за старечки дом.

8. Синодот донесе одлука да се дадат 18.057,88 м² од манастирот на Пресвета Богородица - Живоносен извор во Парос за изградба на болница.

 

Извор: Romfea