Екипажот на Меѓународната вселенска станица го поздрави Рускиот патријарх Кирил по повод интронизацијата (06.02.2009)
На 5 февруари при воспоставувањето на директна врска поглаварот на Руската Православна Црква Патријархот Кирил разговараше со екипажот на Меѓународната вселенска станица.
Рускиот член на 18-от екипаж на МВС инжењерот Ј. В. Лончаков го поздрави Рускиот Патријарх по повод неговото востоличување на московскиот патријаршиски престол, му посака помош Божја во патријаршиското служење.
Минатиот месец Патријархот Кирил, тогаш местобљустител на патријаршискиот престол, им се обрати на космонаутите и им го честита празникот на Рождеството Христово. Честитајќи му го на Лончаков големиот празник, тој на англиски им се обрати и на американскиот дел од екипажот на Вселенската станица, на астронаутите Мајк Финк и Санда Магнус.
Извор: Патриархиа.ру