Во Москва ќе се одржи празнување на Денот на православната младина (06.02.2009)
На 15 февруари во Москва ќе се одржи празнување на Денот на православната младина.
Денот на православната младина традиционално го одбележува московската младина на празникот на Сретение Господово. Свеченостите ќе бидат организирани под раководство на Комисијата за млади при епархискиот совет на градот Москва во рамките на програмата „Православна младина на Москва – 2009“.
На 15 февруари во 17.00 часот во Москва во „Салата со огледала“ на хотелот „Метропол“ ќе се соберат млади момчиња и девојки од московските православни организации „Сретение“, „Млада Русија“, „Георгиевци“, „Ѕвоно“ и др., а исто така и студенти. Во салата ќе бидат поставени штандови за дејноста на социјалното служење на православната младина.
Кон младината ќе се обратат Московскиот викарен епископ Броницки Теофилакт, претставници од Администрацијата на претседателот, од Министерствата на Руската Федерација, државните органи во Москва. На сцената ќе бидат изведени вокални и театарски точки подготвени од православните младински организации. Ќе се одржи настапи на младинскиот хор со духовно пеење при храмот на света маченичка Татјана, на ателјето „Иридан“, театарот „Жива вода“. Во програмата на празникот исто така се и класични, руски народни танци и игри.
Извор: Патриархиа.ру