Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ја возглави Божествената Литургија во Успенскиот соборен храм во градот Смоленск (08.02.2009)
На 8 февруари, во Неделата на митарот и фарисејот и на денот на Соборот на Руските новомаченици и исповедници, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ја возглави Божествената Литургија во Успенскиот соборен храм во градот Смоленск. На Литургијата присуствуваа повеќе од пет илјади луѓе. Божествената Литургија се пренесуваше преку звучници, поставени блиску до соборната црква и во центарот на градот.
Во својата проповед после читањето на неделното евангелско четиво Рускиот патријарх зборуваше за приказната за митарот и фарисејот. „Не е случајно што ова Евангелие се чита денес, - истакна Патријархот – затоа што од денес започнуваат подготвителните недели за Великиот пост, а во центарот на Великиот пост е покајанието. Во приказната за митарот и фарисејот Господ ни го покажа примерот за покајание, дека покајанието е поврзано со внатрешната проценка за себе самиот.“
Исто така, Патријархот истакна дека човекот е навикнат да се заштитува себеси со зборови и дела правејќи цела стратегија за одбрана: „Овој инстинкт на самоодбрана функционира и во нашиот духовен живот, но искривен облик. Ние ги чуваме своите гревовни дела од сопствената совест“.
„Оној кој самиот себеси знае да се осудува, кој самиот себеси знае да се казни за стореното зло, тој не доаѓа на Божјиот суд, но преминал од смрт во живот, - рече Неговата Светост Патријархот Кирил. Покајанието и е непристрасен суд, на којшто ние се судиме самите себе пред лицето на Бог. Она што го направи митарот беше судот над самиот него.“
Рускиот Патријарх во својата проповед зборуваше и за споменот на светите Руски новомаченици и исповедници што се празнуваат денес.
„Кога тие се нашле пред изборот – да појдат во страдања и смрт или да се откажат од Христос - тие појдоа на смрт. По милоста Божја, наспроти усилбите на гонителите ние ги памтиме имињата на мачениците и крвта маченичка повторно стана семето Христово. Тоа што верата денес се раѓа повторно е голема заслуга на Руските новомаченици и исповедници и ние ги молиме да ја благословат нашата Црква и сите нас.“
Извор: Патриархиа.ру