Поборниците за легализација на евтаназијата му наметнуваат на општеството „нов тоталитаризам“, сметаат во Московската Патријаршија
 
 
 
 
 

Поборниците за легализација на евтаназијата му наметнуваат на општеството „нов тоталитаризам“, сметаат во Московската Патријаршија (10.02.2009)

Во Руската Православна Црква истапуваат против легализација на евтаназијата „како една од формите на самоубиство“.

„Предлозите да се легализира евтаназијата е бегство од слободата. Чудно е да се слушаат такви повици кои по суштина се нови форми на тоталитаризам, наметнување на одредени односи кон нови форми на самоубиство на законодавно ниво од страна на некои правници“, изјави во вторник секретарот на Одделот за надоврешни црковни врски свештеникот Георгиј Рјабих.

Тој смета дека поборниците за легализација на евтаназијата всушност „се обидуваат да го принудат човекот да изврши самоубиство“, додека денес во врска со ова прашање важи принципот „на доброволен избор“. И Црквата, според зборовите на о. Георгиј, која не ја прифаќа евтаназијата „како една од формите на самоубиство“, на тој начин изразува многу повеќе почит кон слободата на човекот, отколку што некои правници кои бараат денес законодавно решение на ова дејствие.“

Свештеникот истакна дека денес доброволното заминување од животот законодаството не го забранува, решението за самоубиство луѓето сами си го донесуваат, и како резултат „во некои земји, вклучувајќи ги поразвиените, владата е загрижена за растот на самоубиства.“ Позицијата на Црквата според зборовите на о. Георгиј „се обраќа кон совеста на човекот“.

„Во случај да се легализираат правата на евтаназија, општеството ќе има ограничувања. На пример, лекарите ќе бидат обврзани да ја прават, без обѕир на сопствената желба, бидејќи на тоа ќе ги приморува законот. Освен тоа, донесувајќи го тоа прашање во правна сфера, ние токму ќе испровоцираме и ќе поддржиме во општеството тенденција кон самоубиста“.

Тој повикува да се има на ум тоа дека „Црквата секогаш истапува против поддршката на секое зло и грев, и прашањето за сочувување на животот или откажување од него треба да се решава надвор од правната сфера и да се остави на совеста на секој човек.“

„На тој начин ние ќе обезбедиме поголема слобода на човекот, отколку таа што ја предлагаат правниците“, смета претставникот на Московската Патријаршија.

 

Извор: Интерфакс