Повик упатен до Патријархот Вартоломеј да има разумни граници во дијалогот со католиците (11.02.2009)
Митрополитот на Калабрија и Егалео Амвросиј од Грчката Православна Црква на својот веб сајт објави свое писмо до Патријархот Вартоломеј во кое го искажува своето неспокојство и загриженост од однесувањето на Цариградскиот Патријарх, сметајќи дека во дијалогот со Ватикан Патријархот ги надминува границите.
„Со болка во срцето благоговејно молам продолжениот богословски дијалог во никаков случај да не се спроведува со заеднички молитви и учество во литургиите и богослужбените заедничарења“, вели во обраќањето Митрополитот Амвросиј.
Слични дејствија, според Митрополитот Амвросиј, „можат да создадат впечаток дека нашата Православна Црква ги прифаќа католиците како вистинска Црква, а папата како канонски епископ на Рим. Се наметнува впечаток дека Патријархот Вартоломеј се брза да ги обедини Црквите.“
Во својот повик Митрополитот Амвросиј става акцент уште и на моментот дека учеството на Патријархот Вартоломеј во католичките служби и неговата заедничка молитва со папата во Ватикан „предизвикува кај мнозина не само неспокојство, туку и огромна грижа, зашто вакво општење не е дозволено од светите канони.“
Митрополитот Амвросиј се повикува и на конкретен факт според кој се случило сослужувањето: „Патријархот Вартоломеј ги надминува допустливите граници на дијалог меѓу Истокот и Западот, бидејќи заедничкото произнесување на Симболот на верата е богослужбено дејствие.“
Известува: Дверибг.нет