Во Руската Црква повикуваат на денот на свети Валентин младите да се потсетат на христијанската смисла на љубовта
 
 
 
 
 

Во Руската Црква повикуваат на денот на свети Валентин младите да се потсетат на христијанската смисла на љубовта (14.02.2009)

„Поаѓаме од тоа дека секој обичај може да се искористи во мисионерски цели. Се разбира не е исклучок ни т.н. ден на свети Валентин“, изјави за Интерфакс раководителот на секретаријатот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија протоереј Михаил Дудко.

Тој забележа дека некои детали што служат како повод за празнувањата на овој ден „во православната географија не можат да се најдат“.

„Ние знаеме дека постојат неколку светители со такво име, но од каде потекна традицијата едни на други да си изјавуваме љубов, како што се практикува сега, не можеме да кажеме, бидејќи во православните житија не постои ништо што би асоцирало на оваа традиција.“

„И кога веќе светот ни дава можност сериозно да разговараме за љубовта како за најважната христијанска добродетел, тогаш би било штета да не го искористиме тој повод“, подвлече тој додавајќи дека во многуте училишта и факултети во земјата празнувањето на денот на свети Валентин се претвора „готово во ритуал“.

Во врска со ова отец Михаил им посоветува на родителите чиишто деца се спремаат да го одбележат овој празник „а денес ова често се случува, да поразговараат со нив за разните значења на зборот љубов, а најнапред за христијанската“.

„Да се поразговара за тоа каква љубов меѓу мажот и жената е благословена во Црквата и колку високо место таа зазема. И наспроти тоа треба да се разговара и за нештата што ни се наметнуваат од современото нерелигиозно општество, а се нарекуваат љубов“.

Според неговото мислење на тој начин празнувањето на денот на свети Валентин ќе биде допра подлога за воспитување на децата за добро да ја разберат вистинската смисла на љубовта.

 

Извор: Интерфакс