Телевизиската програма на Првиот руски канал: „Пастирско слово“ за првпат ќе ја води Патријарх
 
 
 
 
 

Телевизиската програма на Првиот руски канал: „Пастирско слово“ за првпат ќе ја води Патријарх (15.02.2009)

Програмата „Пастирско слово“, која беше прикажана вчера на првиот канал на Руската Телевизија, за прв пат ќе ја води новоизбраниот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил.

Досега, како Митрополит Смоленски и Калининградски, тој беше постојанен водител на телевизиската програма не помалку од 15 години.

„Неговата Светост Кирил ќе продолжи да ја води емисијата “Пастирско слово“ и вчера за првпат се обрати кон гледачите на оваа програма како Патријарх, кажувајќи им за своите планови“, соопштија од Дирекцијата за врски со општеството на Првиот канал.

Патријархот Кирил е прв поглавар на Руската Црква, кој секоја недела ќе ѝ се обраќа на паствата со помош на современите технички средства.

Претстојното издание на „Пастирско слово“ беше снимено за време на богослужението при неодамнешната пастирска посета на Патријархот Кирил во Смоленск.

„Може да кажеме дека во наредните емисии обраќањата на Патријархот во програмата исто така ќе бидат во рамките на богослуженија во различни храмови“, рекоа од Дирекцијата на врски со општеството.

 

Извор: Интерфакс