Руски физичар првпат во историјата ги измери електронските набои за време на слегувањето на благодатниот оган (17.02.2009)
На отсекот „Христијанство и наука“ на XVII Божикни образовни чтенија во вторникот во Москва за првпат беа објавени резултатите на научниот експеримент спроведен од руските научници на Велика сабота во 2008 година во храмот на Гробот Господов во Ерусалим.
Раководителот на секторот на Институтот за атомска енергија „Курчатов“, кандидатот по физико-математички науки Андреј Волков раскажа за сопствениот обид да ги измери ниско фрекфентните долгобранови радио сигнали во ерусалимскиот храм за време на симнувањето на благодатниот оган што се случува секоја година.
Со помош на специјално разработена апаратура научникот во текот на шест и пол часа очекувајќи го оганот извршил во храмот мерења, а во текот на наредните месеци се занимаваше со дешифрирање на тие мерења.
А. Волков смета дека „апсолутно чудо“ е разликата во показателите што ги доби на самиот ден на слегувањето на огнот и еден ден пред тоа. Освен тоа, според неговите зборови „анализата на пукнатините на столбовите непосредно пред влегувањето во храмот навистина доведува до мислата дека тие можеле да се појават само како резултат на електронски набој“.
За истото зборува и неговиот колега – Евгениј Морозов кој е специјалист по механика, најпознат во светот.
Сметајќи дека „од строго научната гледна точка единственото направено мерње сѐ уште не зборува за ништо веродостојно“, А. Волков во исто време изјави дека ја презема полната одговорност за добиените резултати и спремен е да ги објави.
„Но, ако вие ме прашувате како научник – беше или не беше (чудо), јас ќе одговорам: не знам“, додава тој.
На времето заменикот на претседателот на комисијата при Московската Патријаршија за изучување на чудесни појави, професорот на Рускиот православен универзитет „Свети Јован Богослов“, Александар Московски изјави дека А. Волков „извршил научен подвиг, спроведувајќи го првото во историјата сериозно, веродостојно и одговорно научно мерење на благодатниот оган.“
Благодатниот оган се појавува веќе многу векови воочи православниот Велигден на Гробот Господов во Ерусалим. Источните христијани се сигурни дека чудото на благодатниот оган убедливо сведочи за вистинитоста на православната вера, дотолку повеќе што во текот на целата историја на Црквата немаше ниту еден Велигден, а на гробот Господов да не се појави светиот оган. Самото слегување на огнот ги негира сите атеистички мислења, сметаат верните.
Извор: Интерфакс