Александрискиот Патријарх Теодор II во посета на Камерун
 
 
 
 
 

Александрискиот Патријарх Теодор II во посета на Камерун (18.02.2009)

Александрискиот Патријарх Теодор II минатата недела беше во посета на Камерун. Поглаварот на Александриската Православна Црква престојуваше во оваа афричка земја до 14 февруари.

Републиката која се наоѓа во западна Африка му е добро позната на Патријархот Теодор бидејќи од 1997-2002 година тој служеше тука како Митрополит Камерунски.

Митрополијата на Камерун отпразнува 50 години од своето постоење. Основана е во 1959 година од Грчката православна митрополија на Акра и Западна Африка. Денес, под јурисдикција на оваа митрополија се државите Камерун, Централно-афричка Република, Габон, Екваторијална Гвинеја и острoвите Свети Тома и Принцип.

Патријархот Теодор ги посети православните цркви во главниот град Јаоунде како и во останатите градови.

Патријархот беше пречекан и од стотици верници Африканци во новата парохија на Преображение Господово во Елинг Есоно. Тој им се обрати особено на младите ветувајќи им дека ќе им испрати многу изданија на француски јазик од патријаршиската библиотека, со цел Патријаршијата на некој начин да допринесе во нивниот развој и нивното образование.

 

       

Извор: greekorthodox-alexandria.org