I Серуска олимпијада во познавање на основите на православната култура за учениците од Москва
 
 
 
 
 

I Серуска олимпијада во познавање на основите на православната култура за учениците од Москва (18.02.2009)

На 1 март 2009 година ќе се одржи регионален турнир на Олипијадата во познавање на основите на православната култура „Света Русија, чувај ја Православната вера“ за учениците од Москва и Московската област.

Првата Серуска олимпијада во познавање на основите на православната култура за учениците од 5-11 одделение се одржува со благослов на блаженоупокоениот Патријарх Алексиј Втори во соработка со Министерството за образование на Руската Федерација и Советот на ректори на Русија.

Олимпијадата влегува во Списокот на олимпијади на учениците од 2008-2009 школска година, којшто е востановен од Министерството за образование и науки на РФ.

Задачите на Олимпијадата се ориентирани околу програмата на учебните предмети: „Православна култура“, „Основи на православната култура“, „Извори“ и т.н., а исто така на содржината на поглавијата за православна култура што се во состав на други школски учебни предмети. Задачите на Олимијадата вклучуваат прашања што се однесуваат и на ерудиција и на снаодливост.

Одржувањето на Олимпијадата служи за восовршување на знаења по историја и култура на Православието и за развој на интерес кон групата на предмети што се поврзани со нив. Олимпијадата е насочена кон духовно-морално воспитување на учениците, пронаоѓање и поддршка на надарените деца.

Организацијата и одржувањето на регионалниот турнир на Олимпијадата на учениците на Москва и на Московската област се под покровителство на Педагошкиот факултет на Православно Свето-Тихоновиот хуманитарен универзитет.

 

Извор: Патриархиа.ру