Грузискиот Патријарх Илија II ќе се врати во Грузија при крајот на неделата (20.02.2009)
Здравствената состојба на Грузискиот Патријарх Илија II е задоволителна. Неговата Светост се чувствува подобро и ќе се врати во Грузија при крајот на неделата, соопштуваат од Грузиската Патријаршија.
„Патријархот е на лекување во Германија, во една од најпознатите здравствени центри. Здравствената состојба на Неговата Светост значајно е подобрена и тој нема проблеми со срцето“, се вели во соопштението.
На совет на германските лекари Патријархот требаше да остане во клиниката Кушман уште две недели, но тој реши да се врати во Грузија порано, при крајот на неделата.
Раководителот на прес-центарот на Патријаршијата протоереј Давид Шарашенидзе ги повика новинарите да не шпекулираат со слушнатото околу здравјето на Патријархот, туку да ги проверуваат инфомациите во Патријаршијата.
Грузискиот Патријарх Илија II замина за Германија на 4 февруари, каде што беше на лекарско испитување во Берлинската клиника и каде што пред неколку месеци му беше направен бајпас на коронарните артерии.
Лекарите изјавуваат дека и покрај стабилната состојба на Неговата Светост, решението за лекарско испитување во Германија беше донесено како резултат на консултации на грузиските и германските лекари.
Извор: Патриархиа.ру