Клучевите од рускиот метох во Бари ќе му бидат предадени на рускиот претседател Медведев на 1 март
 
 
 
 
 

Клучевите од рускиот метох во Бари ќе му бидат предадени на рускиот претседател Медведев на 1 март (25.02.2009)

Завршната точка во процесот на предавањето на рускиот метох посветен на свети Никола во италијанскиот град Бари ќе биде на 1 март, кога претседателот на Италија Џорџо Наполитано ќе му ги предаде на Дмитриј Медведев клучевите од метохот.

Како што соопшти во среда прес-службата на Кремљ, на 1 март рускиот лидер ќе го пристигне во Бари во службена посета на покана на својот италијански колега.

Решението за предавањето на храмот на свети Никола и метохот во Бари во сопственост на Русија, италијански власти го донесоа во март 2007 година, за време на посетата на Владимир Путин, кој во тоа време беше претседател на Руската Федерација.

Во април 2008 година, Владата на Италија ги заврши државните процедури во врска со предавањето на метохот на Русија неповратно. После неколку месеци, во ноември, во Рим е потпишан договорот за предавањето.

Најнапред беше планирано клучевите од метохот да му бидат предадени на претседателот на Русија за време на неговата посета на Италија во декември 2008 година, но неочекуваната смрт на Патријархот Алексиј II беше причина Д. Медведев да ја одложи посетата.

Иницијативата за создавањето на храмовиот комплекс за руските поклоници што доаѓаат во Бари да им се поклонат на моштите на свети Николај Чудотворец потекнува од светата велика кнегиња Елисавета Фјодоровна Романова. Комплексот е изграден по проект на архитектот Алексиј Шијушев од прилози на верниците од кои еден беше и императорот Николај II. После Првата светска војна и револуцијата, комплексот уште не беше завршен, а во 1937 година сите зданија во комплексот заедно со земјиштето беа предадени на градската општина.

Еден дел од комплексот во крајот на 90-тите години Владата на Бари ги имаше предадено на користење на Московската Патријаршија, но комплексот остана во посед на Општината што го попречуваше развојот на поклонички патувања.

 

                                            

Извор: Интерфакс